А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Издадени нови 572 потврди за барање азил

by А1он18/02/2016 - 10:46156
Share0

Вкупно 572 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил се издадени изминатите 24 часа на странски државјани. Од нив 169 се од машки, 121 од женски пол и 280 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител.

Добивај вести на вибер

Како што соопшти денеска МВР, според државјанството, најмногу потврди се издадени на државјани на Сирија, 189, на 176 државјани на Авганистан и на 207 државјани на Ирак.

Од 1 јануари 2016 година до вчера издадени се потврди на вкупно 81.976 странски државјани, од кои 32.668 се од машки пол, 17.752 од женски, 31.369 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 187 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-39.461, Авганистан-25.763 и Ирак-16.749.

Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил, врз основа на претходно издадена потврда. Од 1 јануари 2016 година до вчера до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија), врз основа на претходно издадена потврда.

Во Прифатниот центар за баратели на азил, во дневниот регистар на баратели на азил за 17 февруари 2016 година евидентирани се вкупно девет баратели на азил. Од нив шест се мажи, една жена и две деца со придружба на старател.

Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж, една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување, определено од Министерството за труд и социјална политика.

azil

Би можело да ве интересира

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска31/05/2022 - 14:4331/05/2022 - 14:44

ВИДЕО: Од 297 барања за азил, само на две лица им е признат статусот

Ана Василевска26/06/2019 - 13:5426/06/2019 - 14:05

Значаен пад на барањата за азил од Северна Македонија во ЕУ во март

Ана Ололовска14/05/2019 - 11:19

Зголемување на бројот на барања за азил од Македонија во ЕУ

Ана Ололовска12/03/2019 - 11:4312/03/2019 - 11:43

Молк во ЕПП за азилот на Груевски во Унгарија

Наум Локоски13/12/2018 - 17:13

Влада на РМ: Осудениот Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија

Наум Локоски20/11/2018 - 16:4420/11/2018 - 16:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен