Специјалните обвинители го „стегаат“ обрачот околу судиите во скопска двојка

Од:

Специјалното јавно обвинителство се очекува да отвори постапки и против судии од Основниот суд Скопје 2, Скопје. „Сведок“ дознава дека специјалните обвинители побарале предмети од судот, што било аларм за тревога, па сите прашувале какви предмети се барале, кој биле странки во нив и кои судии суделе, објави „Сведок“.

На прашањата на „Сведок“ дали биле побарани предмети и бил распрашуван претседателот, портпаролката на судот Сања Томиќ потврди дека од СЈО биле побарани предмети, кои судот им ги доставил.

Томиќ изјавила дека претседателот не бил на разговор во Специјалното јавно обвинителство, а по предметите не дошле истражителите туку им биле испратени кај нив предметите, без да каже од која област се предметите кои му се дадени на обвинителството.

„Овој суд е граѓански, но во него има оддели кои судат граѓански, стопански предмети, стечај, работни спорови и најчесто споменуваните предмети за клевета и навреда, каде што беа донесени пресуди да им се исплатат десетици илјади евра штета на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Елизабета Канческа Милевска и други функционери на власта кои добија пресуди во нивна корист а на штета на пратеници, новинари, граѓански активисти“, објави „Сведок“.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов