ТодорОФ, здравство и СЈО

Од:

Значи сепак ние Македонците повторно покажавме дека волјата на владеачката структура без оглед на тоа колку се покажува дека е погрешна, сепак ќе биде спроведена и вештачки и присилно наметната, за кои цели веќе почна на сите да им станува јасно, времето ќе укажува.

Законот за Слободни медицински зони иако јас како присутен на таа расправа каде се укажуваше на се што е погрешно и каде и самиот министерот Тодороф климаше и потврдуваше дека постојат грешки дури и го изјави следното:

„Слободната здравствена зона е заснована на слободната зона!“

„Претставува реалност што функционира во Македонија!“

Дури и го нарекоа наследник на Претседателот Ѓорѓе Иванов во една анализа, не ќе да се далеку. Мислам дека ни самиот не знаеше што сака да каже ама како џиуџицу мајсторот веруваше во кажаното и пак беше повторно изгласана и потврдена од него лично оваа бурлеска од замисла и визија.

Законот за специјализантите е уште еден апсурд направен од моменталниот ненадминат министер Тодороф. Ама мисли тој на нас не се секирајте, ќе не направи актери, неприкосновени без скршен денар и потоа ќе се докажеме во филмската фела и ќе добиеме одлични хонорари нели? Јас длабоко верувам дека тој го има тоа размислено ама вие не сфаќате во секој нас се крие Др.Хаус, Удо Брикман и ред други.

Кај нашиот сосед, Албанија министер за здравство е експерт за информатичка технологија кој долго години работел во Банка на Албанија како експерт, а во нашата Македонија министер е дипломиран правник со положен правосуден испит кој работел каде веќе не, а и знаеме како работел, трагите се длабоко видливи. Секаде во светот дури на сите континенти министри за здравство се лекари. Но нашиот министер ни е експерт по уште нешто.

Министер за здравство, шеф на изборен штаб. Одлично звучи поготово ако баш тогаш во тој момент некој треба да се грижи за здравјето на луѓето баш во тие толку тешки одлучувачки моменти за нашата држава.

Лифтови се исклучуваат на стари луѓе да може после повеќе да се лекуваат или пак да не можат да гласаат?

А ние нашите колку сме ги извадиле или пак исто ги вадиме?- се мисли на гласачите од Пустец и тоа со помал притисок без терапија.

Оваа се некој извадоци кои сите ние добро сме ги слушнале и ги препознаваме и веќе знаеме што значат и претставуваат.

Министерот за здравство и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров пак ќе биде шеф на избирачкиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Тодоров беше претседател на Републичкиот изборен штаб за локалните избори 2013 година.

Прашувам дали Тодороф ќе се заложи повеќе во здравството или во правење на вакви политички киксови без преседан. Како правник не како лекар треба да знае дека соучесништвото и директното учество во кривично дело е законски казниво. Ваквите случувањата секако треба да се предмет на институции како СЈО или?

Можеби идниот американски претседател кога од Сител ќе слушне за врвните достигнувања на министерот за здравство Тодороф ќе го повика за прв советник за здравство на Америка, а ние за жал би останале без него и за греота ќе станеме кој ли после ќе ни го оправи здравството.

Држава ваква ко нашата тешко да се компарира со било која држава и тоа во двата случаи и во добриот и во лошиот правец, со вакви луѓе на позиции, ние сме уникатни, нема држава во која постојат толку апсурди и преседани. Зборувавме, докажувавме, оспорувавме, конкретизиравме и најбитно укажувавме на се што е штетно како интелектуалци но немаше кој да слушне и да барем еднаш трезвено каже своето мислење или барем да се потруди да го смени туѓото т.е наложеното штетно мислење.

Д-р. Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска