ВИДЕО: Нема социјална правда и слобода во држава со заробени инситуции

Од:

Граѓаните мора да се охрабрат активно да дејствуваат за остварување на нивните права и потреби, образованието е главен фактор во градењето граѓанска свест, без владеењето на правото, не може да има нормално општество, ова се се некои од пораките што беа кажани на денешната дебата „За слободно општество и социјална правда“, во организација на Коалицијата „Граѓаните за Македонија“ и „Заслужуваме подобро“.

– Ние, граѓаните во оваа заробена држава ја загубивме границата на прифатливото, треба да се прекинат врските со мафијашката држава, зашто ако ако немаме владеење на правото, немаме ништо, рече Суад Мисини, политички аналитичар и активист.

Професорката Мирјана Најчевска рече дека без слобода не може да се оствари граѓанското општество и дека треба да се промени образованието зашто од таму почнува градењето на неслободни луѓе.

– Мислам дека треба да поченеме од образованието, тоа треба да се сврти наопаку, заради тоа шт таму од градинка, од основно училиште, од гимназија, на факултет ни почнува градењето на неслободни луѓе и после оди убеди ги дека не се слободни да гласаат, оди убеди ги дека имаат право и дека заслужуваат подобро, кога ти си ги научил дека најголема вредност е да биде детето послушно. Значи мора да почнеме од образованието и да градиме непослушни грѓани, граѓани кои што ќе речат – не, кои ќе пишат на фејсбук и за тоа нема да идат утре казнети, деца шт ќе излезат на улица и ќе речат – не ги бива овие наши наставници.

Билјана Еверет од „Цивил“, на дебатата побара наместо на 24 април, рокот за избори да се продолжи за 18 месеци, а во меѓувреме да се формира специјален суд. Таа додаде дека е очигледна манипулацијата на избирачкиот список.

– Наша силна препорака е да се продолжи овој рок на барем 18 месеци со цел да се создадат потребните услови за одржување на фер и демократски избри, рече Еверет.

Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар рече медиумите мора да го штитат јавниот интерес.

– Ние балансирано новинарство немаме. Медиумите заборавија дека по дефиниција се дел од граѓанското општество, тоа го заборавија особено оние кои се под капата на власта. А без разлика дали се работи за јавниот сервис или за приватните медиуми тие мора да го штитат јавниот интерес. Мора да ја негуваат критичката свест и ние како граѓани не смееме од тоа да се откажеме. Балансирано новинарство немаме, неколкуте интервјуа на опозциските политичари само ги покажаа тие медиуми во вистинското светло и оттаму без реформи во медиумите, ние не смееме ни да помислиме на ништо друго. Зтоа што гледаме дека бедемот на власта се медиумите и бедемот на власта се судиите. Мора да има реални резултати од тие реформи и да ја видиме слободата на медиумите, рече Бејкова.

„Младите сочинуваат една четвртина од целото население и се една од најголемите маргинализирани групи во нашат држава. Половина од младите размислуваат како да ја напуштат својата земја, исто толку млади се плашат да искажат свој политички став.
И многумина се борат да добијат партиска книшка за да се заробат во еден заробен систем, на еден млад човек му требаат 4 до 7 години за да добие својата прва работа. Она што е малк познато е дека деновиве државата усвои нов десетгодишен план за младите што претставува регресија за нив, на хартија се штиклирани полтиките, но во пракса, ќе се повторат изминатите десет години. Квалитетот на живот на младиот човек во Македонија моментално не мора да се гледа преку факти, се гледа доволно добро и од оние ѕидови иво студентските домови. Од образовниот систем во кој ученикот и студентот служат само како декорација“, Дона Костуранова од Младинскиот образовен форум.

Таа рече дека младите мора да бидат вклучени во креирањето на политиките што ги засегаат, а институциите да бидат поорганизирани за да им обезбедат простор и средства со цел државата да добие активни граѓани.

Како што посочуваат од „Заслужуваме подобро“ дебатата со бројно учество на граѓанските организации се организираше во момент кога политичката криза ескалира, слободата и понатаму е загрозена, живејачката не се подобрува, а следуваат парламентарни избори од пресудно значење за натамошниот развој на Македонија.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски