(ВИДЕО) Беџети: Да не се дозволи некој политичар да купува чоколада ако нема ни за леб

Од:

Груевски, во последните 7 години страшно не’ задолжил, јавниот долг речиси за три пати се зголеми, оној што го објавува Владата, не е целосен. Тој изнесуваше 1,5 милијарда, на крајот на 2007 година, за да на крајот на 2015 година, тој изнесува 4,2 милијарди евра, тоа значи просечно зголемување дневно за 1 милион евра, беше речено на денешната дебата „За слободно општество и социјална правда“.

– Уште пострашно од тоа што јавниот долг толку пораснал е тоа што тој пораснал за глупости. Порасна за Скопје 2014, за реклами за абортус, за вработување на партиски кадри во јавната администрација, за наместени тендери и слични работи, рече Бранимир Јовановиќ, аналитичар.

Тој изнесе пет предлози за тоа што треба да се прави по падот на Груевски.

– Првата работа во поглед на трошењето на јавните пари е да се зголемат средствата што се издвојуваат за социјална помош и тие средства подобро да се дизајнираат. Затоа што најголем економски и социјален проблем во оваа држава е сиромаштијата. Верјатно сите добро знаете дека Македонија е рекордер во Европа по екстремната сиромаштија која изнезува околу 10 отсто, нема официјални податоци. Потребно е да се воведе мерка на гарантиран минимален приход по семејство или домаќинство, што значи дека државата ќе им надополнува на семејсвата што имаат пониски приходи од одредено ниво. Втората работа е да се зголемат јавните инвестиции во инфраструктура и во јавни добра, пред се во здравството и оразованието. Третата работа е делумно кратење на непродуктивните трошоци кои што се големи и воведување на прогресивно оданочување и за да може да се оствари сето ова е потребна темелна реформа во јавниот сектор со негова професионализација и зголемување на неговата транспарентност, рече Јовановиќ.

Според академик Абдулменаф Беџети малку се знае каква е вистинската состојба со јавните пари, зашто, како што рече, има премногу лавиринти во нашите институции.

– Во Македонија владее фискален мрак. Вистинскиот проблем е во начино науправување со јавните финансии, но претходно има уште еден голем пролем, а тоа е процесот на подготвување на јавните политики. Во нормалните држави, при секоја јавна одлука, се прави соодветна анализа за да се утврди колку ќе чини таа одлука, ние никаде не правиме анализа на трошоците и придобивките на тие одлуки, а да не зборувам за капиталните, инфраструктуралните одлуки. Едноставно во иднина не треба да се дозволи некој политичар во иднина да купува чоколада , ако нема за леб, рече Беџети.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски