После 10 годишното владеење на Владимир Талески и ДПМНЕ, граѓаните на Битола заслужуваат да знаат за што всушност се грижат тие. Со колкав имот се стекна Талески за време на неговото 10 годишно владеење? Дали од 2009-та до 2013-та година, или за вториот градоначалнички мандат Талески успеал своето богатство да го зголеми за околу 100.000 евра, прашува Благојче Котески.
Ова е имотниот лист на Владимир Талески од 2015 година, на половина од неговиот трет мандат.
Во споредба со имотниот лист од 2013-та, станот од 70 m2 е тука, станот од 52 m2 е тука, станот од 46 m2 е заменет со друг стан за кој нема назначено квадратура, но има зголемена вредност од 2 милиони денари. Возилото е тука, накитот од скоро 6.000 евра е тука, заштедата од 60.700 евра е тука, како и веќе исплатениот кредит од 16.410 евра.
Дали според овај имотен лист, можеме да кажеме, дека на половина мандат Талески успеал да заработи, т.е. да бидеме попрецизни, во неговиот имотен лист да пријави околу 50.000 евра зголемување на неговиот имот?
Дали, со новиот имотен лист од 2015-та, Талески само ја потврдува умешноста да ги покрие сите месечни трошоци за живот и притоа да заштеди над 2.000 евра месечно?
Се поставува прашањето, дали освен неговите лични примања и личните примања на неговиот брачен другар има и останати примања за коишто Антикорупциска не е информирана или ги пријавува на друго место?
Ја повикуваме Антикорупциска да ја разгледа промената во имотната состојба на Талески и да постапи согласно законските прописи.
Дали ова претставува уште една потврда за криминалното работење на Никола Груевски и ДПМНЕ коишто им земаа 10 години живот на граѓаните?
Кога СДСМ ќе ја превземе одговорноста, ќе го сопре криминалот и корупцијата и парите ќе ги врати на граѓаните.
Секој што го прекршил законот ќе одговара!