Денеска Кривичниот суд го распраша Исмет Гури, еден од осомничените во акцијата на Специјалното јавно обвинителство Титаник, нема потреба од изрекување на мерката притвор. Советот ниту за Гуру не определи мерка притвор како што бараше СЈО.
„По негово сослушување во присуство на полномошник, судија на претходна постапка од одделот за Кривично полнолетни донесе одлука со која се одбива предлогот за определување мерка притвор и му определи Мерка за претпазливост од член 146 ст. ст.1 т. 6 од ЗКП односно Забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица. Лицето против кое е определен мерката и како и обвинителството кое ја преддложи мерката, имаат рок за жалба до овој суд во рок од 24 часа“,соопшти судот.
Исмет Гури бил член на Општинската изборна комисија на изборите во 2013 во општина Чаир. Акцијата Титаник се однесува за изборни нерегуларности и менување на изборни резултати.
„Со оглед дека во записниците од извршеното гласање за градоначалник на Општина Чаир во 2013 година извршиле преправање на резултатите и против едно лице од Комисијата исто така е поднесен предлог за определување на мерка притвор поради опасност од влијание врз сведоците и соучесниците“, рече во петокот обвинителката Фатиме Фетаи.
Целиот овој случај се однесува на „целосна криминализација на изборниот процес, со незаконско издавање лични карти и вметнување во избирачкиот список на лица кои по никој основ не смеат да бидат“. Во случајот Титаник осомничени се и други членови на изборната комисија од скопската општина Чаир.
Отворена е истрага и против судии на Управниот суд и членови на ДИК поради злоупотреба на службената должност во 2013 година.