Кундерс: Специјалната јавна обвинителка треба да биде слободна да ја изврши својата работа

Од:

Договорот од Пржино е многу важен и важно е целосно да се спроведе. Европа го поддржува тој договор, е пораката што денеска ја упати до политичките лидери министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс, кој се наоѓа во работна посета на Република Македонија.

– Вие подобро знаете од мене колку е важно да се има фер и кредибилни избори, пречистен список и подеднаков пристап кон медиумите. Македонија има долга традиција и историја, сте имале и претходно фер, демократски избори и затоа е важно да се спроведе договорот од Пржино за да се овозможи понатаму да се работи на европската перспектива, нагласи на денешната прес-конференција шефот на холандската дипломатија, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Попоски.

На новинарско прашање како внатрешно политичката состојба е поврзана со мигрантската криза, министерот Кундерс истакна дека политичата криза во земјата не е директно поврзана со бегалската криза.

– Но, за сите наши држави е важно затоа што секаде се јавуваат тензии во однос на тоа како да се реши бегалската криза. Затоа важно е нашите земји да останат стабилни за да можеме да соработуваме на решавање на бегалското прашање. Во Европа, вклучително и во Македонија се соочуваме со предизвикот на надворешната безбедност и внатрешниот консензус, а ова е особено предизвик за Македонија. Затоа сметам дека вашата визија и желба за евроатлантска интеграција е поврзана со спроведувањето на договорот од Пржино, рече министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс.

Тој подвлече дека ја поддржуваат и работата на Специјалниот јавен обвинител.

– Таа треба да биде слободна да ја изврши својата работа. Сите треба да си помогнеме меѓусебно, порача шефот на холандската дипломатија.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов