Поранешниот министер за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е вториот осомничен во „Титаник“, кој што се наоѓа на распит.
Се очекува да биде распрашан и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.
Утрово во Ресен беше привиден градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.
Тројцата се товарат за кривични дела поврзани со изборите: злосторничко здружување, уништување на избирачки материјал, принудување и закани за гласачи со цел да и се овозможи на една политичка партија да ја задржи власта на локално и централно ниво.
Во операцијата „Титаник“ која што денеска ја најави специјалната јавна обвинителка Катица Јанева има десет предмети. Првиот кој го отвори денеска е за изборен фалсификат.