(ВИДЕО) Ристоска: Почнати се предистражни постапки за „Маѓар Телеком“ и „Надеж“

Од:

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска кажа дека се започнати повеќе предистражни постапки, а се прават проверки за отворање и на други предистражни постапки. Започнати се предистражни постапки за предметот Маѓар Телеком, кој е побаран од обвинителството за организиран криминал, како и за аферата во јавноста позната како „Надеж“ за кој предмет е изготвено писмо со барање за достава.

Таа кажа дека соработката со институциите оди тешко со што се одолговлекуваат предистражните постапки, а има и обид да се наруши репутацијата на ова јавно обвинителство како институција, на јавните обвинители и истражителите од ова ЈО. Ваквите обиди за жал доаѓаа од сите страни, институции на системот, индивидуи, политички партии, рече Ристоска.

Таа прашува дали СЈО има поддршка од Советот за јавни обвинители, имајќи ги предвид последните изјави на Советот со оглед дека од таму излегуваат според неа лаги.

– Од страна на Советот при последната изјава за јавноста беа соопштени невистини и непроверени факти. Појаснуваме дека ние немаме судска полиција и не била користена асистенција на полициски службеници да некој биде отстранет од работа, за што сведочат и видео записите од нашите безбедносни камери. Сепак изразуваме уверување дека Советот во иднина, како професионална институција ќе појасни врз основа на кои законски одредби и процедури постапувал при оценување на законитоста на дејствијата преземени од Специјалната јавна обвинителка, со што ќе ги отстрани сите сомнежи за пристрасно и необјективно постапување, рече Ристоска.

Беше спомнато и дека се врши притисок преку индивидуи кои поднесоа кривични пријави против обвинители и истражители од ова јавно обвинителство за наводно малтретирање во вршење на службата.

– Појаснуваме дека постапувајќи согласно законот, од наша страна во целост се почитуваат сите права на лицата во постапката и тоа како сведоците така и осомничените лица. Членот 212 од ЗКП пропишува овластување и обврска на јавниот обвинител да повикува сведоци, односно лица за кои е веројатно дека ќе можат да дадат известување за кривичното дело и сторителот и за други важни околности. Притоа, согласно Законот, секое лице кое е повикано како сведок е должно да се јави на поканата. Воедно, членот 219 пропишува обврска на јавниот обвинител да го опомене сведокот дека е должен да ја зборува вистината и дека не смее ништо да премолчи, како и да го предупреди за последиците од давање на лажен исказ. Укажувањето на последиците од давањето на лажен исказ и предочување на законските можности, не се акти на малтретирање или застрашување, рече Ристоска.

– Еден од основните принципи во кривичната постапка е пресумпцијата на невиност. Јавните шпекулациите и гласините го повредуваат правото на пресумпција на невиноста и директно влијаат на поткопување на интегритетот на истрагите. Така медиумскиот простор се злоупотребува и медиумите наместо да го почитуваат правото на пресумпција на невиност, се впуштаат во пресумпција на вината на лицата против кои се поднесени кривични пријави. Поради ова укажуваме дека медиумите не се соодветен форум за размена на аргументи и докажување. Ние постапуваме согласно законот, а медиумите ќе бидат информирани. Ова е последен пат во медиумскиот простор да ја дискутираме темата за поднесени кривични пријави против обвинители и истражители од ова јавно обвинителство и правосилната размена на аргументи ќе ја извршиме со презентирање на докази пред судот, рече Ристоска.

Таа како обид за дискредитација го наведе и однесувањето на некои политички партии.

– Сакаме да упатиме порака до јавноста и сите политички фактори во Република Македонија, дека ние сме професионално и независно обвинителство, кое работи исклучиво согласно законот и преку почитување на правата на сите лица во кривичната постапка, ќе обезбеди спроведување на независни и професионални истраги. Се оградуваме во целост од изјавите на политичките партии кои се обидуваат работата на ова Јавно обвинителство да ја прикажат во сопствена корист. Наш единствен фокус е борбата против криминалот во согласност со надлежностите дадени со уставот и законите, рече Ристоска.

За материјалите предадени од СДСМ, соопшти дека во тек е нивно детално евидентирање и дека пописот ќе трае колку што е потребно, а за констатираната состојба ќе биде изготвен и статистички преглед, кој ќе биде дел од извештајот доставен до Советот на ЈО и Собранието на РМ.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов