Земјотрес со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тихиот Океан на источното индонезиско крајбрежје, но не е издадено предупредување за цунами, соопшти Геофизичкиот институт на САД.
Земјотресот е регистриран во 17:02 часот по локално време (во 10:02 според Гринич). Епицентарот бил на три километри од градот Андекантор, на длабочина од 30 километри во меѓуостровското море Саву во Тихиот Океан.
Засега нема податоци за евентуални жртви или причинета материјална штета.
Според информациите на центарот за истражување на Земјата земјотресот бил со интензитет од 6,2 степени, а неговиот епицентар бил на длабочина од десет километри во близина на островот Сумба.