Во акцијата „Титаник“ на СЈО, за осум лица се бара притвор, а едно лице со двојно државјанство утрово е лишено од слобода и изведено пред судија.
Обвинителката Фатиме Фетаи, рече дека министрите во 2012-та, за внатрешни работи, за транспорт и врски и секретарот на тогашната влада, заедно со други лица го искористиле влијанието и на локално и државно ниво создале група, за вршење кривични дела, за да овозможат победа на одредена политичка партија на изборите.
Во овој предмет по огромен број преземни дејствија, одредена група на луѓе користејќи ја своката службена положба, на локално и државно ниво создале група која имала за цел вршење на кривични дела против изборите и гласањето. дејствијата за кои постои сомневање се поистиветуваат со дејствија за кои законодавецот предвидел кривични дела за кои можат да се изречат затворски казни.
Отворена е истражна постапка против повеќе лица за кривични дела злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повредата на слободата на изразување на избирачите, потпук при избори и гласање, уништување на изборен материјал и злоупотреба на средствата за финасирање на изборната кампања, рече обвинителката Фетаи.
во 2012 година во својство на министер за внатрешни работи, минстер за транспорт и врски и секретар на Владата, користејќи го своето влијание а заради опстојување на власт на партијата и на локално и на државно ниво, создале група која имала за цел вршење на кривични дела против изборите и гласањето а закои може да се изрече казна затвор од три години. Потоа припадници станале другите осомничени лица, сведоци и други засега непознати за истрагата лица.
Дел од осомничените сочиниле план на противзаконски начин да им овозможат на повеќе лица да користат избирачко право кои дејствија би се реализирале преку вработените во МВР и преку лица кои ќе врбуваат и носат лица од странство за конечна реализација на планот преку одделот за информатика и телекомуникации во МВР.
Преку насилство и други проптив правни дејствива влијаеле и спречувале избирачко право, во изборниот процес на лица со избирачко право да даваат, нудат или ветуваат друга корист со намера да ги придобијат како да го вршат избирачкото право и накрај да користат незаконски средства за финасирање на изборната кампања.
Од ова призлегува дека се работи за целосна криминализација на изборниот процес, со вметнување на лица во избирачкиот список, некои лица се фотографирани во еден град а лична карта добиле во друг град. Определени се 15.000 нови матични броеви, да не стане забуна, не се работи за новороденчиња. Имаме 35.000 изготвени лични карти кои не се подигнати од барателите и никој не знае зошто стојат во МВР, има повеќе од 60.000 нови македонски државјани. За улогата на дијаспората и конзуларните претставништва ќе се отвори посебен предмет.