Вкупно 2.540 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил се издадени изминатите 24 часа на странски државјани од кои 883 машки, 566 женски, 1.085 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и шест деца кои патувале без родител.
Како што соопшти МВР, според државјанството, најмногу потврди се издадени на државјани на Сирија, 1.357, на Авганистанци, 744, и на Ирачани, 439.
Од 1 јануари 2016 до вчера се издадени потврди на вкупно 77.230 странски државјани од кои 31.031 машки, 16.743 женски, 29.305 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и 151 дете кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија, 37.360, Авганистан, 24.309, и Ирак, 15.558.
Во текот на вчерашниот ден до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, додека од 1 јануари до вчера барања поднеле десет лица, седум од Авганистан и три од Сирија.
Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 11.02.2016 година се евидентирани вкупно 13 баратели на азил од кои десет мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж, една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.