Снежна покривка во Маврово, Крушево, Пожаране и Лазарополе

Од:

Снежна покривка од 10 сантиметри има во Маврово, во Крушево 4, Пожаране 3 и Лазарополе 2 сантиметри.

Најниска температура во седум часот е измерена во Маврово, Лазарополе и Берово со минус 3 степени, Пожаране -2, Струмица, Скопје, Крива Паланка, Дебар, Демир Капија, Крушево -1…, Најтопло со 4 степени е во Дојран и Охрид

Утрово времето е умерно облачно во северните делови од земјата. Магла има во Демир Капија и во делови од скопската котлина. Дува слаб до умерен променлив ветер.

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо облачно со повремен дожд, особено во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува претпладне слаб, а попладне умерен ветер претежно од јужен правец.

Температурата ќе биде во интервал од 9 до 16° C.

Во Скопје променливо облачно претпладне со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има услови за слаб повремен дожд. Температурата до 14° C.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во сабота, кога повремено ќе дува и засилен јужен ветер. Од недела условите за појава на повремени врнежи ќе се помали, a температурите ќе бидат во постепен пораст па во средината на работната недела на југоистокот температурите ќе надминуваат 20 степени.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски