Подобро во гнездото на режимот, по линијата на добриот или недобриот вкус, отколку греење на снесените кукавички јајца. Уште ми е свежо кога јавно ја нападнав една од Хималаите на новинарството во Македонија, Оливера Трајковска(нормално после мојата омилена Катерина Блажевска), кога на еден крајно непрофесионален начин го најaви претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во нејзината емисија.
Тогаш, реагирав, затоа што имам очекувања од новинари како Оливера.Од Латас немам никакви очекувања и затоа не може да ме изненанди ниту неговата некултура, ниту неговиот национализам, ниту неговиот клиентелизам.
Се сеќавам, пред повеќе од пет години напишав статус кој гласеше: “Зошто Латас не чита вести од идиот камера? Затоа што се премногу двајца идиоти за во едно студио”. Вчера, механичкиот идиот камера откажа, Заев се одважи, а Латас остана она што и впрочем е. Имено,читам денес многу луѓе со ставови налик на мисици за избор за убавина. Доволно образовани и урбани за да не го одбранат Латас, но недоволно храбри за да изградат став, туку повторно бегаат во поделена одговорност.
Вчерашната неинформативна емисија, со огромни примеси на неедиукативност и некултура, никој не смее да потцени дека е реалната слика на нашата земја. Но, поделена одговорност нема. Има одговорност кај домаќинот. Тешко беше да се изгледа а, можам да замислам како му било на гостинот да седи покрај ваков домаќин. И, не се оптеретувајте со тоа дали било пристојно или непростојно, дали било правилно или неправилно да се прифаќаат поканите од вакви безрбетници. Заев, успеа позитивно да ги заврти работите – место кукавиците да снесуваат јајца во опозициските гнезда, одважно отиде да го растури гнездото на режимот.
Последна реченица Латасу од мене до тебе, без калкуланство, ќе биде одговор на твоето прашање кога запрашавте кој стои позади Заев? Еве, јас стојам позади Заев. Од три причини: 1.Не калкулирам со своите настапи во советот 2.Верувам во фер правила на игра и зато што ми се лоши од кукавички јајца снесени во опозицијата 3. Не се плашам од седмата несила, затоа што ти не си претставник на новинарите.И, ќе заборавев, јас веќе цели десет години се осудувам јавно да бидам против Никола и фамилијата.
Не чекав да намирсам промена, за да почнам да дејствувам, ја водам функцијата а, не таа мене, колку и да чини. За крај, не прифаќам финансиери од бизнис – лобито кои итоа како им помогнаа на ваквите како тебе и фамилијата да се дочепаат до апсолутистичка моќ. Латасе и останати мисици за убавина- за сето ова треба да се поседува доблест и тогаш кога секој јавен збор ме чинел мој неколку годишни плати. Денес со татко ми разговаравме за една поранешна фабрика, во која беше раководител во еден од секторите. Кленти како Латас планирале промена на генералниот директор, непринципиелно и непотребно. За ова, мојот родител реферирал кај директорот, а тој во одминати години, пред пензија му рекол-остави,јас ќе одам во пензија а, секој ќе го добие заслуженото според правдата. Така и било.Е, само да ги слушавме искусните…
Жал ми е што Ви требаа години да го преполните ФБ со згаденост од еден неновинар и креатор на јавното мислење. Ударен термин не е за потценување и затоа како човек кој има јавна функција нити еднаш не сум ги преминал границите на добриот вкус. Заборавив, и моето семејство стои позади опозицијата. Ќерка ми, пак, ќе почекаме после седумнаесет години и три месеци да се изјасни…
И, доста со кукавички јајца, доста со џиџи – миџи или жижи- мижи и останати….
Дејан Блажески