Францускиот Сенат ја продолжи вонредната состојба во земјата за уште три месеци

Од:

Вонредната состојба, што во Франција беше прогласена по атентатите во Париз на 13 ноември минатата година, е продолжена за уште три месеци, пренесе ТАСС.

Оваа одлука денеска ја донесе Сенатот на републиката.

Предлог законот за продолжување на вонредната состојба беше поддржан од 316 сенатори, а 28 членови на Горниот дом на францускиот Парламент гласаа против. 

Зборувајќи пред сенаторите, министерот за внатрешни работи Бернар Казњов подвлече дека вонредната состојба нема да трае бескрајно и дека Министерството за внатрешни работи веќе ја разгледува можноста за враќање на земјата кон вообичаениот режим на безбедност.

При воведувањето на вонредната состојба, во ноември, предвидувањата беа дека таа ќе трае 12 дена, но подоцна беше продолжена за три месеци. Рокот на сегашното дејствие на одлуката истекуваше на 26 февруари.

Противниците на оваа мерка забележуваат дека таа ги ограничува правата на граѓаните и граѓанските слободи и затоа нејзиното продолжување го сметаат за неоправдано и нецелисходно.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

(ВИДЕО) Франција прогласи вонредна состојба во Нова Каледонија

Горан Наумовски

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нови детали од оружениот инцидент во Франција, од непосредна близина пукале кон полицајците

Горан Наумовски

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Нова Каледонија: Во протестите повредени се над 50 полицајци, опожарени се 50 продавници и 200 автомобили