Пред четири години, како двоброј за март и април, на осми февруари, беше испечатено првото издание на „Илинден“ – единствениот весник на македонски јазик во Албанија кој го издава истоименото друштво.
– Во изминативе четири години весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и меѓу македонската дијаспора ширум светот. Според бројната дописка, која пристигнува на електронската пошта до нашата редакција, како и од другите преписки со читателите, евидентно е дека „Илинден“ прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите е интересен и е од полза за македонското малцинство во Република Албанија, но и за промоција на активностите на македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на македонското население вон границите на својата држава, вели Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник на весникот „Илинден“.
Според него, во дел од дописите се истакнува и дека читателите искажуваат особена почит кон редакцијата, која на најдобар можен начин одбра да ја промовира македонштината во овие бурни времиња, преку пишаниот збор.
– Во нив исто така се оценува дека нашата мисија да го одржуваме и поттикнуваме македонскиот идентитет во Република Албанија, преку културен израз целосно ја остваруваме.Исто ни искажуваат го,ема подршка и надеж дека нашата активност целосно ќе биде поддржана од државните инситуции како на Република Албанија, така и на нашата земја, Република Македонија, додава Ѓурѓај.
По повод четригодишниот јубилеј, од име на редкацијата, Ѓурѓај се заблгодарува на сте соработници, читателската публика, која, како што истакнува, со покажаниот интерес кон содржините покажа дека ја допре сржта на проблемите на Македонците во Република Албанија.