Ахмети: ДУИ не поддржува нови договори

Од:

Демократската унија за интеграција (ДУИ) не поддржува ниту нови, ниту рекомпонирани договори. Доколку тоа се случи ДУИ ќе излезе со своја платформа и ќе остане доследна на договорот постигнат во јуни-јули. ДУИ стои на тоа изборите да се одржат на 24. април, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбата со дебарчани вечерва.

– Право е на секој да поставува вето, да бара нов договор. Доколку се бара да се донесе нов догоор или негова измена тогаш на тоа треба да се согласат сите четири страни потписнички на договорот од Пржино, кој беше донесен по многу анализи и разговори потпомогнати од ЕУ и САД.

Затоа ДУИ не поддржува нов договор или негова измена.Убедени сме дека сите страни ќе се ангажираат и ќе ги исполнат сите обврски од договорот на кои се согласија и заедно да обезбедиме избори според европски стандарди, признати од сите, рече Ахмети.

Според  него, ДУИ е за тоа изборите да се одржат во предвидениот рок, 24. април 2016, затоа што, како што рече, „сакаме земјата да излезе од политичката криза во која е со месеци и да продолжи со сигурни чекори кон ЕУ и НАТО, што го посакуваат сите граѓани“.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Кредит од 40 милиони евра – моноетничка инвестиција што ги дискриминира албанските ученици и студенти

ДУИ: Дебаклот во Давос како слика за урнисана меѓународна позиција на земјава

ДУИ уверува: Нема отстапки од правото и борбата против корупцијата

Вреди: ДУИ игра опасна игра со безбедноста на граѓаните

Ахмети: Поддржуваме една изборна единица и отворени листи, за техничката влада потребни консултации со ЕУ и САД

Горан Наумовски

Потврда од ДУИ – Али Ахмети ќе учествува на утрешната лидерска средба

А1он