Обилните дождови што од петокот наваму непрекинато паѓаат во најголем дел на Индонезија, предизвикаа полави и свлечишта во западниот дел на Суматра и на Јава
Првите извештаи говорат за седуммина загинати во свлечиштата на Суматара, меѓу кои се цело семејство од шест членови.
Двајца студенти пак загинале во попавите во централниот дел на островот Јава.
Националната агенција за несреќи соопшти дека три поголеми реки се излеале од коритата, а надојдените води натерал десетици илјади семејства да побараат засолниште на повисоките места.
Излеаните реки ги уништиле и локалните патишта, така што храна и облека екипите на Црвениот крст можат да доставуваат само од воздух.