Формирана граѓанска платформа за поддршка на Специјалното обвинителство

Од:

Со цел да се поддржи работата на Специјалното јавно обвинителство, формирана е неформална граѓанска платформа под името „Специјално за Специјалното Јавно Обвинителство”.

„Специјално за СЈО е доброволна и неформална граѓанска платформа организирана за поддршка на работата и функционирањето на Специјалното Јавно Обвинителство како специјална институција која ќе помогне за да се врати и подобри владеењето на правото во Република Македонија.

Специјално за СЈО е автономно тело составено од граѓани на Р.Македонија кои како носител на суверенитетот на државата се првите повикани да воспостават владеење на право во државата.

Специјално за СЈО ќе организира настани и реакции со една цел,зголемување на поддршката за ова институција, како и лобирање и директно помагање на работата и функционирање на институцијата.

Специјално за СЈО ќе се бори против сите препреки и опструкции за непречено функционирање на СЈО.“, се вели во соопштението од граѓанската платформа

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов