Видодо бара помош од верските лидери за дерадикализација на Исламот во Индонезија

Од:

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо последниве денови оддржа повеќе средби со поглаварите на исламиските групи и од нив побара поактивно да се вклучат во спречувањето на потенцијалните терористички акции на радикалните групи кои се поотворено ги пропагираат идеите на групата Исламска држава во Индонезија.

Меѓу претежно муслиманското население во оваа 256 милионска држава во последниве пет години има чести појави на нетрпеливост меѓу доминантните сунити и помалку бројните шиити за што аналитичарите наоѓаат корени во „увезената идеологија’’ меѓу порано традиционално толерантните припадници на исламската религија.

Претседателот на Советот на најголемата исламска група Нахдлутул Улема Саид Акил по состанокот со Видодо изјави дека ќе го поддржи барањето на претседателот во молитвите да се објаснуваат штетите од радикалните исламски идеологии, како и опасноста што ја носи интензивната употреба на наркотици во Индонезија.

Акил препорача претседателот и неговите соработници почесто да се среќаваат со претставниците на верските групи.

Интензивирањето на кампањата за дерадикализација на Исламот во Индонезија особено се зајакна по терористичкиот напад во центарот на Џакарта, при што загинаа осум лица.

Покрај кампањата во џамиите, властите работат и на построги закони за антитероризам, бидејки досегашните често ги спречувале полицијата и разузнавачите да ги приведуваат луѓето за кои има сериозни сознанија дека пропагираат, или подготвуваат терористички напади или создавање на исламски калифати на тлото на Индонезија.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници