Дванаесет нови кривични пријави за Специјалното јавно обвинителство ситгнале утрово до Основното обвинителство, потврдуваат од таму. Со новите 12, бројот на пријави поднесени до СЈО, изнесува 20 кривични пријави.
Од таму велат дека се работи за 12 физички лица кои поднеле кривични пријави до тимот на Катица Јанева за малтретирање при вршење на служба.
А1он се обиде да го контактира и Специјалното јавно обвинителство, но тие беа недостапни за коментар.
Александар Тодески