Саудискиот крал Салман ги повика другите држави да не се мешаат во внатрешните работи на државата.
– Наше право е да се заштитиме без да се мешаме во внатрешните работи на другите. Затоа ги повикуваме тие да не се мешаат во нашите, изјави кралот Салман во говор во Ријад.
Тој нагласи дека државата ќе соработува со останатите арапски и муслимански држави за да ја заштитат својата независност и општествените системи.
Според западни медиуми, тоа е најверојатно порака до Иран, главниот ривал на Ријад, кој ја обвинува за обиди за предизвикување немири. Ријад упатува критики до Техеран дека го поддржува режимот во Сирија и шиитските милиции во Либан, Ирак и Јемен и поттикнува немири во Бахреин.