BANGKOK CLOUDLESS

Од:

01_COVER

Собата со прекршениот прозор го отвора аголот кон овој прекрасен град, блиц од метрополата, која за првпат е тука во однос на дотогаш замисленото. Испрекршениот град ни го покажува до недоглед своето пространство поделено помеѓу илјадници урбани перипетија.

Неговата масивност буди тотална деконцентрација, која носи по неговото урбано непознато, не губи по неговиот простор. Тука некаде беше и неделниот пазар, северно од градот кој продуцира една хипер активна сцена полна соживот.

Улични тезги, сувенири, храна измешана со мирис од смог, прав и „сладуњави“ зачини, раскошна тропска клима и луѓе, луѓе Таи, луѓе странци, луѓе насекаде.

Мегафонот од Chatuchak скајреил станицата испушта крици на логорска подреденост и заедно со околниот сеопшт делириум не соочува со овој ориентален отсечок.

BK_02

Добродојдовте во Банкок.

Ова височество од град е карктеризиран во повеќе димензии,нивоа ,супстанци.Современ конгломерат кој содржи многу минато,а богами и многу иднина.

Од една страна храмови и кралеви, од друга страна небодери и сламови.Од еден агол мизерија, од друг агол раскош. И сето тоа во енергична кохезија, голема толеранција, блискост, космополитност, па дури и екстравангација по одредени прашања.

Бангкок нуди реален футуризам, кој на моменти потсетува на летечките сообраќајни градови на стрип мајсторот Енки Билал, (секако не толку бизарно како во  неговите сценарија).

Toj поглед од висина се доловува преку  безбројните нивоа на транспортни јазли и чворови кои варираат помеѓу исполнетиот периметар и доминираат по неговата секвенца. Преку испреплетеноста од скајреилот, метрото, платформите и конкурсите  може да се стигне до каналите долж реката Chao Phraya чии ситуации  продуцираат најразлични богати и динамични кадри.

affiche-bilal-little-bangkok-100x50 BK_01

За разлика од кај нас (Европа) каде постои конкретна архитектура и подреденост , тука преовладуваат спонтани и масивни населби во отуство на било каква прецизна поставеност. Архитектурата е ослободена од секаков вид на организација и како таква се создава под демографскиот притисок.Затоа и Банкок преставува еден прототип на метаболизмот, продуциран од секојдневната френезија.

Овој Метаморполис има посебен начин на трансформација.Неговите граѓани негуваат сеуште традиционални обичаи кои успеваат да ги вклопат во глобалните процеси и да овозможат разноликост во урбаното секојдневие,без притоа да се изгубат  во постлибералниот  режим кој и тука е тек како застапен. Градот  константно се развива преку својата флексибилност и локалните навики како  Sanuk (колективно дружење), и Pbai-tieuw(нешто  неоткриено што мора да се спознае). Токму оваа културна специфичност го надградува централното подрачје  и придонесува во неговата оригиналност.

Оваков „Sanuk  урбанизам, приредува изненадувања и многу случки кои се дешаваат по уличните агли, од кичестите  згради па се до кровните тераси. Овие стилови и начин на живот потекнуваат од семејниот контекст,кој воедно преставува и историски двигател во секреирањето на Банкок низ годините.

Повлиателните градски фамилии и ден денес владеат со 75 % од градското земјише. Имотот  кој го поседуваат , успева да го репродуцира економскиот развој создавајќи  нови услови кои доведуваат до безкруполозна и неконтролирана експанзија  на градот  долж  главните улични жаришта.

Широките празнини (кои се гледаат од повисоките катови на облакодерите) , помеѓу главните улици сеуште се користат како фарми или  пак се окупирани од сиромашните класи. Тоа може да се забележи и во Thonburi, западно од градот низ каналите кои минуваат по ова мирното преградие,исполнето со кршни колиби кои едвај се потпираат  по течението полно  со ѓубриште, прљавштина и запуштена вегетација.

Таа е надополнета и со пловниот пазар, па заедно со понуденото  создава туристичка атрактивност .И оваа кревка слика ,наблјудувана од жолтиот чун  задава посебна естетика на сурова  убавина со специфичен хабитат.

BK_04

Видно уочливи се јаките бои,измешани од јавниот превоз,кои се преливаат од лилаковото и жолто зелено такси до плавата и виолетова рикша.Внимание одземаат и згуснатите електричните кабли , во чија  урбана пајажина се заплеткани и крошните дрвја и зеленило ,создавајќи  вештачки  лендскејп, кој заедно со пешачкиот плочник задаваат типичен декор во континуитет.

Локалниот фолкор на украси по продавниците кои се пренатрупани  од сешто се меша со елегантните маркети за свила и кашмир,додека по околината се наоѓаат се поголеми трговски центри. Има еден многу интересен локален архитект,кој сето ова успева да го прелие и примени во својата архитектура .Super machine  е архитектонско студио чие искуство го заснова врз Бангкокшкото секојдневие.

Јавниот рекламен простор е посебно значаен, исполнет со светски познатите производи ,помеѓу чије повторување се вметнува и кралот како универзален и државен бренд ,чија доминација потсеќа на времињата од социјалистицките дефилеа.Иако е демократска и Либерална ,оваа држава  негува привид за кралската митологија.

И секако во овој преполн инсерт, најубави се оние улици од Банкок каде сите знаат дека се јаде најдобро, на некои од  уличните агли  по Сукумвит, чија храна е подобра од било  кој ресторан во градот.Дури и најобичната супа од кокосово млеко знае да побуди  посебен осет триејќи го  вкусот помеѓу слаткото и киселото ,каде вкусот на џинџерот не отрезнува на крајот. И така отрезнати и седнати на кршно столче со масиче кое дирекно гледа во тезгата каде се готви,оваа  медитација не смирува  во околниот привиден свет полн со ориентален  немир.

BK_03_ Foto-29-11-15-09-07-44

Текст и фото: Александар Петров

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска