Советот за етика им нуди на медиумите повелба за етичко известување за изборите

Од:

Повелба за етичко известување за време на избори изготви Советот за етика во медиумите со цел, како што посочуваат оттаму, да се постигне навремено, вистинито и објективно информирање на јавноста за претстојните парламентарни избори.

Согласно повелбата, која ќе им биде понудена да ја потпишат на сите медиуми на 12 февруари, нивната работа треба да се заснова на принципите на вистинитост и објективност, на избалансираност, на јасна граница меѓу информациите и коментарите, на чесност и неутралност, на професионална солидарност, уредувачка независност и професионален интегритет, на почит и толерантност, како и на слобода и одговорност.

– Изборите претставуваат голем предизвик за медиумите ставајќи ја на тест нивната професионалност, независност и доследност во известувањето. Со цел да ја остварат својата улога, медиумите мора да покажат високо ниво на професионализам, точност и независност во информирањето, рече извршната директорка на Советот за етика Марина Тунева.

Појасни дека процесот за прифаќање на повелбата е отворен и ќе биде заокружен до крајот на следната недела односно на 12 февруари кога медиумите ќе бидат повикани да ја потпишат.

– Потписниците на овој документ со нејзиното прифаќање би се согласиле дека ќе се придржуваат до принципите на професионално и независно известување и ќе се залагаат за афирмирање на етиката и професионалноста во известувањето, рече таа.

Потребата за изготвување ваква повелба, како што рече Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби на Советот, произлегла од досегашната практика, која, како што потенцира, покажала дека се соочуваме со непрофесионалност и неетичко работење на медиумите.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on