Нови пет кривични пријави се поднесени против обвинители во Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева. Како што информираат од Јавното обвинителството, пријавите се поднесени од физички лица поради малтретирање во вршење на службена должност.
Претходно беа поднесени три кривични пријави со што вкупната бројка на поднесени пројави сега е осум, а се однесуваат на тројца обвинители од обвинителството на Катица Јанева.
Јанева веќе соопшти дека никој никого не малтретирал, а доколку некој тврди спротивно, ќе мора тоа и да го аргументира.