Пожар во поткровје од куќа во Тетово, предизвикал материјална штета, нема повредени

Од:

Поголема материјална штета, но без човечки жртви е последицата од пожарот што денеска околу 11 часот и 30 минути избувнал во поткровјето и горниот спрат од куќата на семејството Сулејмани на улицата „Ленинска“ во Тетово, информираа од тетовската противпожарна единица.

Веднаш интервенирале три возила и 17 пожарникари, а меѓу нив бил и сопственикот на куќата кој бил пожарникар Бесир Сулејмани. За кусо време пожарот бил изгаснат меѓутоа од огнот што најверојатно избил во оџакот веќе бил зафатен покривот и горниот спрат со целата покуќнина.

– Јас и татко ми бевме на работа додека другите четирите мали деца , мајка ми и жена ми беа тука но фала на господ успеаја да излезат, рече Бесир Сулејмани.

Во гасењето на пожарот освен пожарникарите што биле на иста смена со Бесир солидарно се вклучиле и голем број негови колеги од другите смени.

– Материјалната штета е огромна но среќа во оваа несреќа е што немаме повредени ниту од тие што живееле тука ниту од пожарникарите што учествуваа во гасењето на пожарот. Куќата е на наш колега и ете се случува, пожарот не бира и ете случајно се погоди тој самиот да е на смена кога се појавил пожарот во неговата куќа. Со нашата брза интервенција ги спречивме пламените јазици да се прошират и на другите објекти бидејќи во населбата куќите се многу блиску една до друга, изјави командантот на тетовската противпожарна единица Ука Алити.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Гори магацин за бои и лакови во Железара

А1он

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски