Кралот Абдула – Јордан со бегалците е како „зовриен лонец“

Од:

Јорданскиот крал Абдула изјави во Аман дека ситуацијата во неговата земја е како во „зовриен лонец“ кој е на работ да преврие, поради постојаниот прилив на бегалци од соседна Сирија.

– Поскоро, или подоцна овој лонец ќе експлодира, изјави за Би-Би-Си јорданскиот крал Абдула.

Предупредувањето на кралот, доаѓа пред донаторската конференција во Лондон, за помош на земјите во сириското соседство, каде се наоѓа најголемиот број од бегалците од Сирија.

Според кралот Абдула, на Јордан му е потребна далеку поголема финанска помош и подршка од досегашната, доколу меѓународната заедница сака бегалците да останат во регионот.

ОН побара 7,7 милијарди долари помош за 22,5 милиони луѓе во Сирија, како и во соседството на земјата, која веќе пета година, се соочува со граѓанска и меѓуверска војна.

Според податоците на ОН, во Јордан се регистрирани 635 илјади од пријавените 2,6 милиони Сиријци кои се водат како бегалци.Властите во Аман меѓутоа тврдат дека на јорданска територија има повеќе од еден милион и таа бројка постојано се зголемува, затоа што во Јордан постојано навлегуваат нови сиријски бегалци.

На лондонската конференција, што треба да се организира во шетврток и на која како домаќини се јавуваат Велика Британија, Германија, Норвешка , Кувајт и ОН, од Брисел се ветува дека ЕУ ќе додели помош од 2 милијарди евра.

Со децение на ред, Јордан е прибежиште за бегалци од регионот, прво на Палестинци, па потоа на Ирачани, а сега и на Сиријци.

„За прв пат, ние не можеме повеќе да го издржиме притисокот„ – признава јордснскиот крал Абдула, објјаснувајќи дека болниците, училиштата и работните места се наоѓаат пред неиздржлив притисок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вооружен маж е убиен, тројца полицајци повредени при пукање кај израелската амбасада во Јордан

А1он

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

Групата Исламски отпор ја презеде одговорноста за нападот на американската база

Трамп: Да бев јас претседател ќе беше мир во целиот свет

(ВИДЕО) Тројца Американци се мртви, 30 повредени во напад на база во Јордан: Ќе одговориме порача Бајден