Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева придружувана од обвинителка од нејзиниот тим пристигна во Советот на јавни обвинители.
Денеска Јанева пред новоформираната комисија во Советот на јавни обвинители е поканета да образложи зошто обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓоргева биле исклучени од нејзиниот специјален тим.
Иако од СЈО веќе јавно соопштија дека за совладуваање на работните задачи доволен е бројот од десет обвинители, а оваа постапката е целосно е во согласност со законот.
Во меѓувреме, против тројца обвинители од Специјалното обвинителство се поднесени кривични пријави. Официјално, досега никој не бил повикан на разговор во Основното јавно обвнителство
Од СЈО велат дека се работи за обид да да му се наштети на новото обвинителство, бидејќи од внатрешниот распит на обвинителите било утврдено дека никој од соработниците на Јанева не барал поткуп, ниту вршел притисоци на приватни лица, во корист на специјалното обвинителство.
“Сите наши обвинители беа прашани и во службената евиденција е забележано дека никој не постапил надвор од законските овластувања. Доколку тие кривични пријави се поднесени само паушално, без материјален доказ и се потпираат само на нечии изјави, тоа е лажно пријавување и и штети и на институцијата, но и на личниот интегритет на обвинителите кои работат таму“, соопштија од СЈО.
Ова е продолжение на засилениот притисок и нападите врз Јанева и нејзиниот тим, кој беше напаѓан од некои медиуми кои тврдеа дека постапувала спротивно на законските одредби во преземањето на процесните дејствија, алудирајќи на преземањето на „бомбите“ од опозицијата.
Од специјалното јавно обвинителство ги отфрлија обвинувањата кои според нив се неосновани, а Јанева пред три дена најави и граѓански постапки за клевета и навреда за дел од медиумите, како и кривични постапки за лажно пријавување на кривично дело.
На денешната средба, нема да стане збор за постапувањето со материјалите преземени од СДСМ, за ова Советот на обвинители побара и ќе добие писмено образложение.