Падот на акциите на најголемата германска банка што следуваше по информацијата дека Дојче банк прокнижила загуба од 6,8 милијарди евра може да предизвика сериозна криза во еврозоната.
Загубата од 2,1 само во последниот квартал во најсилната банка на една од шесте најсилни економии во светот е сигнал дека европската економија е во опасност сметаат дел од европските експерти.
„Оигледната зависност на Еврозоната со германската економија поддржана од нејзиниот силен банкарски систем е многу повидлива од тоа што многумина го очекуваа“, смета Енди Болдвин шеф на меѓународниот Институт за глобални финансиски услуги.
Минатата недела канцеларката Меркел призна дека Германија може да има проблеми во економијата и финансиите делумно и поради повеќе од еден милион бегалци кои што пристигнаа на нејзината територија. Падот на акциите на Дојче Банк кои загубија 24 отсто од вредноста од почетокот на годинава дополнително ги зајакнуваат прсимистичките прогнози.
“Кусорочното закрепнување на економииите меѓу кои и оние на Франција, Италија и Шпанија е зависно од растот на германската економија, а огромен дел од овој процес се должи на понатамошното зајакнување на банкарскиот систем“, смета Болдвин според кого за одржливо зајакнување на европсакта економија потребно е растот да е еднакво раширен низ целиот континент а не само во Германија.