СДСМ: Што значи молкот на институциите за милионите на медиумските курири?

Од:

„Што значи молкот на институциите за милионите на медиумите на Никола Груевски? Дали со пари на граѓаните се плаќа креирањето на лажната реалност со цел да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и фамилијата?

Поминаа 48 дена откако СДСМ обелодени за приходите од 1.3 милиони евра на Курир, за приходите од 1.1 милион евра на Република и приходите од 617.000 илјади евра на Радио Слободна Македонија.

Институциите 48 дена не даваат одговори за начинот на финансирање на куририте на Никола Груевски коишто вртат милионски суми на нивното салдо.

Приходи Република

Тоа се 3 милиони евра приходи кои овие три медиуми на Никола Груевски, Курир, Република и Радио слободна Македонија ги оствариле во последните 3 години.

Додека граѓаните мака мачат да врзат крај со крај со по 40 денари на ден, над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, а фабриката за лаги и пропаганда на Никола Груевски врти 3 милиони евра. Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.

Граѓаните дознаа дека фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е директно поврзана со овие медиуми и со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП чиј сопственик е Владислав Стајковиќ.

НВСП на Стајковиќ е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата, а зад којашто лично стои братучедот на Груевски, Мијалков.

Prihodi, Radio Slobodna Makedonija

Вистината за Македонија ја откри поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.

Затоа медиумите на братучедите Груевски и Мијалков 10 години шират невистини и ги трујат граѓаните, за да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.

Никола Груевски не сака слободни медиуми. Медиумската пропаганда во Македонија фамилијата сака ја користи за спас на сопствената кожа.

Затоа медиумите на Никола Груевски молчат за милионите на нивните сметки“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ