„Сакам да кажам“ од Горан Михајловски

Од:

Се знаеше дека не ни се пишува добро уште кога Груевски давајќи си оставка како премиер ни најави дека ќе мислел на нас и имал планови за нас. Ама кога зборуваше кај жените како лидер на ВМРО-ДПМНЕ не кажа ништо ново што пред тоа не зборуваше и не правеше додека беше премиер. Ќе бркал на клоци? Па зарем на клоци не ја избрка опозицијата на 24 декември, 2012?

За волја на вистината не спомена шамари како што на времето чувме дека нарачувал кај Миле за Жерновски. Онака – „да влезат граѓани и еден граѓанин да дојде да му удри три шамари – јаки“.

Груевски рече и дека „казната и одмаздата ќе стигнат на 24 април“. Што ќе прави? Како ќе се одмаздува? Во ендек ќе нè фрла сосе жени и сосе деца?

Груевски упорно се обидува да ни каже дека не треба да им веруваме на своите уши. Дека тоа што сме го чуле не сме го чуле. Па луѓето ги преслушуваат снимките, ги цитираат, ги рецитираат… Вицови се раскажуваат. Цели фрази и реченици од бомбите што ги слушавме пред неполна година веќе станаа дел од македонското културно наследство. Ние сме лудаци? Не бре. Не сме. Дека ако не ги давале на МТВ сигурно не сме ги чуле? Па ги чувме. Чувме и што збореле и што мислеле. А богами и што правеле.

И сега, некој униформиран директор на гимназија што веројатно успеал да се качи и на бината ќе ни кажува дека слободоумен коментар на некоја тинејџерка е говор на омраза. А говорот на лидерот на владејачката партија во кој се заканува со казна и одмазда за политичките противници е визионерство.

Првата колумна на Горан Михајловски прочитајте ја на неговиот сајт.

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска