Обвинителството на Јанева најавува тужби за клевета и кривични постапки

Од:

Специјалното јавно обвинителство ги отфрли наводите од страна на Курир и други медиуми дека е постапувано спротивно на законските оредби при преземањето на процесни дејствија и најавуваат дека повеќе нема да има толеранција за изнеените невистини, односно ќе бидат поднесени тужби за клевета и кривични постапки за лажно пријавување кривично дело.

Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите изразува загриженост за начинот на известување на одредени медиуми поврзан со работата на ова Јавно обвинителство, како и работата на Специјалната јавна обвинителка и јавните обвинители.

Ги демантираме во целост наводите објавени од страна на Курир и други медиуми дека од страна на јавни обвинители од ова Јавно обвинителство постапувано е спротивно на законските одредби во преземањето на процесните дејствија, како и дека ваквите наводни активности се по налог на Катица Јанева. Ова Јавно обвинителство, иако беше изложено на неосновани напади и во претходниот период, покажа висок степен на толеранција спрема лицата кои изнесуваа невистини, навреди, клевети и се служеа со говор на омраза насочен кон обвинителството. Со оглед дека бројните апели од наша страна не дадоа резултат, а како е потребно да се заштити интегритетот и безбедноста на јавните обвинители и нивните семејства, ја известуваме јавноста дека во периодот што следи против одредени лица ќе бидат покренати соодветни граѓански постапки за клевета и навреда, како и кривични постапки за лажно пријавување на кривично дело.

Апелираме до сите медиуми и поединци да се воздржат од произнесување на невистини за работењето на ова Јавно обвинителство и да се воздржат од негово етикетирање и ставање во функција на дневно политички цели. Потенцираме дека, како професионална институција нашиот единствен фокус е борбата против криминалот, а нашата мисија е спроведување на правдата и обезбедување еднаков третман на сите пред законот, се вели во реакцијата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Би можело да ве интересира

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска

Јанева: Наредната седмица нови обвинителни акти на СЈО

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева е избрана за Специјален јавен обвинител да работи непристрасно и професионално

Наум Локоски

Јанева: Ги охрабруваме граѓаните да соработуваат со нас

Наум Локоски

СЈО откри 66 909 избиршани фајлови, Заев бил незаконски прислушуван

Предраг Петровиќ

Одложена седницата на која требаше да се разговара за однесувањето на Јанева и Фетаи

А1он