А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Изминатото деноноќие издадени 1.837 потврди за намера за барање за азил

by А1он29/01/2016 - 11:33146
Share0

Во текот на вчерашното деноноќие издадени се потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 1.837 странски државјани, соопшти МВР.

Добивај вести на вибер

Од нив 754 се од машки пол, 392 се од женски  и 691 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, а според државјанството најбројни се бегалци од Авганистан – 741,  Сирија-690 и Ирак-406. При тоа до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил.

Од почетокот на годината заклучно со вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 50.211странски државјани, од кои 20.880 се од машки пол, 10.801 се од женски и 18.428 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил. Во посочениот период до Секторот за азил поднесени биле шест барања за признавање право на азил на шест малолетни лица од Авганистан и Сирија.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 28.01.2016 година евидентирани се вкупно 34  баратели на азил од кои 28 мажи, две жени,  две деца со придружба на старател и две деца без придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика, стои во соопштението од МВР.

azil

Би можело да ве интересира

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска31/05/2022 - 14:4331/05/2022 - 14:44

ВИДЕО: Од 297 барања за азил, само на две лица им е признат статусот

Ана Василевска26/06/2019 - 13:5426/06/2019 - 14:05

Значаен пад на барањата за азил од Северна Македонија во ЕУ во март

Ана Ололовска14/05/2019 - 11:19

Зголемување на бројот на барања за азил од Македонија во ЕУ

Ана Ололовска12/03/2019 - 11:4312/03/2019 - 11:43

Молк во ЕПП за азилот на Груевски во Унгарија

Наум Локоски13/12/2018 - 17:13

Влада на РМ: Осудениот Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија

Наум Локоски20/11/2018 - 16:4420/11/2018 - 16:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен