Пари Сен Жермен ќе има можност да го брани трофејот освоен мината сезона во францускиот Лига куп, бидејќи синоќа го победи Тулуз со 2:0 и се пласира во финалето на ова натпреварување.
Парижаните до победата дојдоа во второто полувреме. Езекиел Лавеци во 65.минута го отвори резултатот, а Анхел ди Марија во 72.минута ја потврди победата на ПСЖ.
Претходно, место во финалето обезбеди Лил по триумфот над Бордо со 5:1.