(ВИДЕО) Чаусидис: Владата не е компанија ниту трговско друштво да се рекламира

Од:

Претседателката на Самостојниот синдикат на новинари, Тамара Чаусидис излезе со став дека предлозите на владејачката партија за реформи во медиумската сфера се целосно неприфатливи. Според неа, жално што за апсурдни предлози се принудени да размислуваат сериозно и да одговараат.

-Целосно се притивиме на носење закон за владино рекламирање. Потсетуваме дека Владата не е компанија или трговско друштво на пазарот па да се рекламира. Своите кампањи од јавен интерес може слободно да ги објавува преку Јавниот сервис, но претходно мора строго да се дефинира што е јавен сервис, кога станува збор за владина кампања, вели Чаусидис.

Таа вели дека ја потврдува поддршката на решенијата за реформи предложена од Питер Ванхауте, а доколку се менува законот за медиуми, според неа треба да се вгради обврската за медиумите за поттикнување и забрана за притисоци при синдикално организирање во медиумите.

Според Чаусидис, со бирањето на двајца уредници на МРТ се покажува односот на предлагачот кон суштината на новинарството, односно дека новинарите ги сметаат за изборен плен.

-Предлогот за двајца уредници во МРТ за време на предизборна и изборна кампања, односно 100 дена пред избори, не само што не е прифалтив, туку е навреда за термините професионално и објективно новинарство, за јавен интерес, јавен сервис и генерално за улогата на новинарите во општеството, вели Чаусидис.

Според неа, именувањето на претставници во Агенцијата за радиодифузија е анахроно решение кое нема да придонесе за деполитизација на регулаторот, а интернет порталите не мора да бидат регистрирани како трговски друштва, бидејќи со тоа се укинува правото на новинарска работа на медиумите чии издавачи се невладините организации.

– Единствен делумно прифатлив предлог за ССНМ е зголемување на средствата од Буџетот на Македонија за МРТВ, но не за 0,3 проценти, туку најмалку за 0,5 проценти и тоа доколку остане обврската за комбиниран модел, односно и граѓаните да плаќаат такса за Јавниот сервис, вели Чаусидис.

 

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on