ВМРО Народна ја повика власта да одговори до каде е постапката за сменетите табли со имиња на четирите училишта во Чаир или како што велат од партијата и ова ќе биде во стилот „секое чудо за три дена“?
ВМРО-НП реагира и за премолчување на проблемот со учебниците кои беа нарачани, дистрибуирани и користени како основен материјал за настава на учениците.
„После многуте реклами и фалби за проектот бесплатни учебници, на крај и самата влада призна дека поголемиот дел од учебниците се погрешни и промашени“, пишува во соопштенито од ВМРо-НП.
Од партијата прашуваат кој ќе ја сноси одговорноста „за неколкуте генерации кои беа образовно унаказени со овие учебници“?
„Дали нарачателите ќе сносат одговорност за оваа тешка последица врз и онака малкуте ученици во државава?
– Дали ќе бидат поднесени кривични пријави за направената штетна јавна набавка, и кој ќе сноси одговорност за финансиските последици од овој скандал?
– Дали ќе биде поведена постапка за враќање на хонорарите од страна на авторите кои ги напишале овие штетни учебници“, прашуваат од ВМРО-НП.