Над 1.000 припадници на елитните одреди на армијата на Индонезија од денеска се вклучени како поддршка на полицијата која во џунглата Посо на островот Сулавеси, поранешен Целебес, е во потрага по еден од најпознатите исламски радикали со прекар Сантосо и неговите соборци. Новинарите биле исклучени од следењето на оваа операција, изведена со два авиони од типот Хекулес и десетина бродови на воената морнарица.
Весникот Џакарта Пост денеска пишува дека Сантосо, познат и како Абу Вардах, е лоциран и дека е доста веројатно најбараниот терорист да биде уапсен, а можеби и ликвидиран.
Во досегашниот лов на Сантосо, започнат по терористичкиот напад во центарот на Џакарта пред 10 дена, полицијата ликвидирала неколку припадници на герилските групи што се под негова контрола. Ликвидиран е и членот на оваа група познат по убиства на десетина полицајци во источниот дел на Индонезија во 3.011 година.
Муџахедините под раководство на Сантосо неколку пати најавуваа дека подготвуваат прогласување на Калифат на тлото на Индонезија, но властите неговите закани не ги третираа како сериозни. Нападот на радикалните исламисти во Џакарта, во кој загинаа 8 лица е директен повод за започнување на ловот на Сантосо, а и знак дека Индонезија почнува посериозна борба за сузивање на растечкиот исламски радикализам.