Вратени на млеко, вратете ги милијардите и престанете да не` цицате!

Од:

Се` додека се фокусираме на мебелот, а пред очи ни летаат милионските провизии како и задолжувањата на дневна база со по два милиони евра во име на нашите идни правнуци, се` дотогаш Никола ќе си поигрува со нас. Критички настроената јавност не смее да наседнува на смешни трикови кои имаат за цел да дефокусираат по наредба на Мартинчо.Курирските кујни фрлаат јамки за кои се фаќаме.

И не ми е важно дали Владата се откажала од нарачката на мебел. Мене ме интересира дали се` уште e активна нарачката за гилотина?

Емил, немил што ти требаше? Не датум за избори, датум за правни постапки! Секој збор што се смета за насилен во текстот е фигуративeн и инспириран од сценариото Луј 15-ти.

За да бидеме појасни, Вашата гилотина ќе е народот, денес, утре задутре, некогаш…… но ќе биде. Меѓу народот пак, за вака недопечените млади кадри, а полни со гнев и омраза се користи една изрека:” како вратени на млеко”. Поточно, се сметало дека се зерт (лоши деца) луѓе , оние кои откако ќе престанеле со доење во разумен период , после некое време како повозрасни, (најчесто заради раѓање на некое следно дете во фамилијата или заради одредени фрустрации од одделувањето од градата), повторно дa барале да цицаат. Во суштина, психолошки, веројатно никогаш и не пораснале.Мајките им попуштале во таквите намери.

Очигледно, “нашиве деца” кога веќе мајките им снемаа млеко, се насочија на државната града. Преку ноќ, осамени, непринципелно се здружуваат, партизираат, стануваат доктори на науки, директори,министри, па дури и премиери. Без ниту еден работен ден ама завиден” цицачки” стаж. Минимум знаење, максимум комплекси. Tокму такви се овие доенчиња, веројатно “вратени на млеко”. Отсекогаш сум сакал приказните да бидат автентични, особено оние што потекнуваат од нашето подрачје. Сепак, да не се шегуваме, вратени на млеко, вратете ги милијардите и престанете да не` цицате?!

Веројатно, бидејќи сте толкави буквалисти, “мајка Македонија”, (како што милувате патриотски да ја нарекувате), не престанувате да и` се враќате на доењето и ја доживувате како доживотна доилка…..Фројд, пак има поинакво обајснување за односнот града – доенче, но, никаде не пишува за односот доенче -држава. Уште помалку,за вратените на млеко, па вратените на државна града…… За крај, ако не знаевте, природно е некој да го поврати млекото што го цицал!

Катица е таа која треба да го испровоцира повраќањето. Потоа, ќе Ви препишат перење на желудникот и ќе Ве вклучат на вештачко млеко, токму такво каво што служат во казнено – поправните установи. Сепак, нужно е истовремено да се направи тендер за цуцли – лажалки, додека како никогаш досега власт ќе се` урива од народ, без разлика на политичка, верска и национална припадност. Не, не велам ништо. Јас само посегнав по богатата македонска ризница на афоризми, приказни и по некој стереотип кој ми се провре низ текстов…

Заклучувам, дека се` сте ни кажале со вашиот слоганот “Преродба” (повторно раѓање и потреба од доење)”…. во сто чекори”( на државна сметка да заодувате)”, ама ние, за жал доцна Ви ја разоткривме генезата на комплексите.Доцна е сепак, некогаш.
Нејсе, има поважни општествени теми,на пример квизови на фб: на која позната личност наликувате!

Дејан Блажески

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска