На отворањето на 22. коло во француската Лига 1, фудбалерите на Рен го победија Ајачио минимално со 1:0.
Стрелец на голот вреден три бода беше Камил Гросицки во судиското надополнување.
Со оваа победа Рен остана во конкуренција за висок пласман, додека Ајачио се наоѓа во вториот дел на табелата.
Двојки за другите натпревари од 22.коло:
ПСЖ – Анжи,
Гингамп – Бастија,
Нант – Бордо,
Лил – Троа,
Монпеље – Каен,
Ница – Лориен,
Монако – Тулуз,
Ремс – Сент Етиен и
Олимпик Лион – Олимпик Марсеј.
Табела: ПСЖ 57 бодови, Монако 36, Рен 34, Анжи 34, Ница 33, Сент Етиен 32,…