СДСМ: Медиумите на уредникот Груевски молчат за милионите на нивните сметки

Од:

„Медиумите на уредникот Никола Груевски молчат за милионите на нивните сметки. „Курир”, „Република” и „Радио слободна Македонија” се три медиуми, коишто за три години, оствариле приходи од 3 милиони евра!

Додека граѓаните едвај преживуваат со по 40 денари на ден, додека над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, фабриката за лаги на Никола Груевски врти 3 милиони евра. Тоа се околу 10.000 просечни плати од околу 300 евра.

1.3 milioni evra prihodi Kurir

Помина повеќе од еден месец откако СДСМ објави за приходите од 1.3 милиони евра на „Курир“, за приходите од 1.1 милион евра на „Република“, приходите од 617.000 илјади евра на “Радио слободна Македонија.”

Граѓаните дознаа дека фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е директно поврзана со овие медиуми и со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП чиј сопственик е Владислав Стајковиќ.

НВСП на Стајковиќ е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува кличните објекти во државата а зад којашто лично стои братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Prihodi, Radio Slobodna Makedonija

Вистината за Македонија ја покажа поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.

Затоа медиумите на братучедите Груевски и Мијалков 10 години шират невистини и ги трујат граѓаните, за да ги заштитат криминалите и провизиите на Груевски и Мијалков.

Никола Груевски не сака слободни медиуми. Медиумскиот мрак во Македонија фамилијата сака го користи за спас на сопствената кожа. Затоа медиумите на Никола Груевски молчат за милионите на нивните сметки“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Поразот на Украина може да доведе до колапс на земјата и граѓанска војна

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ