Индонезија денеска ја објави својата намера да стане интернет центар на АСЕАН, а за тоа со технолошка и софтверска поддршка ќе и помогне Кина. Џакарта ова го прави и како дел од програмата за спроведувањето на договорот за формирање Економска Заедница на АСЕАН.
(АЕК) која комлетно ќе биде функционална по 10 години.
АЕК, чија прва фаза на конституирање ќе заврши во 2.020 година ќе биде сојуз кој во југоисточна Азија ќе функционира на принципите на Европската Унија.
Слобододна размена на луѓе и стоки во рамките на АЕК ќе имаат бад 600 милиони жители на регионот чии економии сега имаат вкупен БДП од околу 4.600 милијарди долари, а ќе растат со стапка од 5 до 7 посто годишно. Со современа компјутерска технологија ќе бидат поврзани Индонезија, Сингапур, Малезија, Брунеи, Филипините, Лаос, Тајланд, Мјанмар, Виетнам и Камбоџа.