Државниот јавен обвинител на Индонезија денеска го започна процесот против поранешниот претседател на Парламентот Сетија Нованто, осомничен за обид за злоупотреба на функцијата.
Сетија е обвинет за обид за себе да добие 20 отсто од акциите од најглемиот рудник за злато, убедувајќи ги американските концесионери дека со поддршка на претседателот Јоко Видодо ќе им ја продолжи концесијата која завршува годинава.
Вредноста на акциите на рудникот што се наоѓа на островот Папуа се проценува на над 20 милијарди долари.
Сетија Нованто стана претседател на Парламентот иако доаѓа од партијата Голкар, која на изборите во 2014 освои само 11 отсто гласови. Неговиот избор беше компромис меѓу партијата на претседателот Видодо и лабавата опозициска коалиција, но мандатот му е одземен само по една година. Сетија ќе одговара и пред Комисијата за борба против корупцијата, која, покрај другото, има овластување да му го заплени имотот.
Во последниве три години на високи затворски казни и голема глоба за корупција се осудени четворица министри и над 200 високи државни службеници и газди на компании.