Утрово најладно во Берово, најмногу снег на Маврово

Од:

Утрово во северните и централните делови има умерена облачност, а во останатите делови е ведро студено со мала облачност. Во Маврово од 7 часот паѓа слаб снег. Дува слаб променлив ветер.

Најниски температури – 19 се измерени во Берово, -17 Лазарополе, -15 Маврово, -14 Крушево, -13 Дебар, -12 Крива Паланка, Пожар, Тетово, – 11 Пожаране, -10 Ѓуриште, Претор, Тополчани, Струмица, – 9 Охрид, – 8 Штип, Виница, – 7 Прилеп, Битола, – 4 Скопје, Петровец, Дојран, Кавадарци, Демир Капија, Скопје Зајчев Рид и минус 2 степена во Гевгелија.

Во Маврово има најмногу снег 44 сантиметри, 32 во Лазарополе, 26 во Пожаране, 25 во Берово, 22 во Крушево, 16 во Ѓуриште и Тополчани, 14 во Тетово, по 10 сантиметри во Пожар и Претор, 9 во Крива Паланка и Штип, 7 во битола, 5 во Струмица, 4 во Охрид и 2 сантиметри во Прилеп.

Во текот на денот ќе биде сончево и студено со мала облачност. Попладне и кон крајот на денот облачноста од запад ќе се зголемува. Ќе дува слаб променлив ветер. Температурата ќе биде во интервал од – 6 до 3 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 1 степен.

Би можело да ве интересира

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски

Утре променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Ана Ололовска