Деновиве гледам стотици слики по фејсбукот и социјалните мрежи од Банско, Боровец, Пампорово… а видов само 3 (и тие на мои пријатели од кои едниот и живее во Маврово) од Маврово и една слика од Шапка.
По дома си развивме дискусија зошто е така? Државата Бугарија изминатите години преку поволни кредити, осмислување нови планови и содржини и директно во инфраструктура во Банско има инвестирано околу 2 милијарди евра, во Боровец над седумсто милиони евра и нешто помалку во Пампорово. Се заедно над 3 милијарди евра. Република Македонија во Маврово изминативе 20 години има инвестирано 0 (со букви НУЛА) денари.
Единствената инвестиција е санација на патот бидејќи мораше, затоа што стариот отиде во езеро пред 3 години, во вредност од нецели 100 000 (со букви сто ијади евра).
Следно се инвестициите на општината Маврово Rостуше која се бори со својата ликвидност и има цели 3500 постојани жители а тоа се: смешниот тротоар од 60цм со бандери на средина кој негде го има па го снемува, во вредност од 30 000 евра (со се провизии) , уличното освелување од 25 000 евра кое најчесто не работи оти го праеше партиска дилетантска фирма на ДУИ од Куманово и смешното патче крај езеро во Маврви Анови кое го правеше Национален парк Маврово во вредност од 7 000 евра и по кое само јас шетам коа идам по риба под Мавротел.
Останатите инвестиции во приватен сектор се 30 000 евра (триесет илјади евра) донации од УКОДЕП италијанска развојна програма благодарение на која денес имаме 3 кафеани во Маврово.
А да, да не ги забораам помалите инвестиции: kомуналното направи нов резервар за вода од 6000 евра(шест илјади евра), јас направив стреа над скарата и чешмата, комшијата стави нова фасада со стиропор, а Борко постави чешма у двор! (го викавме грујо да ја отвори ама не дојде оти била домашна а не странска инвестиција).
Тоа се инвестициите у Маврово. На Шапка е уште полошо тоа порано бил ски центар, сега таму има спомен жичарница (неисправна) и бивша најстара во овој дел на бакланот ски скокалница како археолошко наследство и некакви куќи околу патот. Практично шапка повеќе е несреден музеј на поранешен ски центар. Понекогаш работат 2 ски лифта (ако госитите се добри) ако не нема ни еден. Нема ни улично осветлување а кафаните се како ќумези! Е па дечки Има Разлика нели!
Никола Писарев