Едно лице загина и 22 беа повредени во земјотресот што вчера го погоди островот Буру, во Источна Индонезија, јави ДПА.
Најмалку 60 куќи претрпеле сериозни штети во потресот со интензитет од 5,4 степени според Рихтеровата скала. Над 170 куќи биле полесно оштетени, соопштија властите.
Индонезија се наоѓа врз т.н. Пацифички огнен прстен, еден од најсеизмичките и вулкански реони на Земјата.