Првото растение на Меѓународната вселенска станица процвета, што според шефот на НАСА, е чекор поблиску кон една од најамбициозните задачи на денешницата, патување на Марс.
Астронаутот Скот Кели на Твитер објави фотографија од процветаната билка, но на некои од листовите можеше да се забележи мувла.
– Нашата билка не изгледа многу добор. Можеби тоа би предизвикало проблеми на Марс. Ќе го пренесам тоа на мојот колега Марк Ватни, објави Кели на Твитер.
НАСА набрзо објави дека мувлата не претставува крај на експериментот, туку дека тоа е еден од потенцијалните резултати со помош на кој се изучува животот на организмите во безтежинска состојба.
– Сметам дека добивме многу информации од овој експеримент. Многу научивме за билките и течностите, како и за тоа како да се направи врска меѓу земјата во која билките растат во вселената, изјави шефот на научниот проект „Веги“ доктор Џои Мас.
„Вега“ е заеднички проект на НАСА и компанијата „Орбитал технолоџис“.