Сигурна победа на Монако против Лориен

Од:

Фудбалерите на Монако остварија очекувана победа во дуелот со Лориен на гостински терен, во меч од  21. коло на француската Лига 1.

Натпреварот одигран попладнево беше решен за само четири минути, откако Томас Ламар (53-минута) и донесе предност на гостинската екипа, а Жоао Филипе Мутињо (57) ги постигна конечните 2:0 за Монако. Со освоените три бода Монако се проби на второто место на табелата зад ПСЖ кој има дури 18 повеќе, а пред Анжи кој заостанува два.

Покрај овој натпревар денеска во Лига 1 ќе се играат и средбите, Кан – Олимпик Марсеј и Сент Етијен – Олимпик Лион, со кои ќе биде комплетирано ова коло.

На натпреварите кои беа одиграни вчера и завчера, беа постигнати овие резултати: Ница – Анжи 2:1, Тулуз – Париз Сен Жермен 0:1,  Tроа – Рен 2:4, Бастија – Монпеље 1:0, Бордо – Лил 1:0, Гингамп – Нант 2:2 и Ајачо – Ремс 2:2.

Табела: ПСЖ 54 бодови, Монако 36, Анжи 34, Ница 33,  Рен 31, Кан 30, Олимпик Лион 29, Сент Етјиен 29, Бордо 29 …

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска