Предвидувања за 2016: Трета светска војна може да избие ако тензиите од Блискиот исток се прелеат во конфликт од голем обем

Од:

www.inquisitr.com

Предвидувањата за 2016 можеби се мрачни, кога многу светски лидери и политички експерти предупредуваат дека Трета светска војна можеби се крчка заради растечкот конфликт на Блискиот исток

Несопирливата војна во Сирија, подемот и брзото ширење на Исламска држава (Идил), и интервенцијата од големата коалиција од светските суперсили натера многумина да стравуваат дека конфликтот може да еруптира во војна од голем обем. Веќе беа запалени алармантни светла кога Турција собори руски воен авион кој беше ангажиран во напади против Идил. Лидерите во Турција тврдеа дека авионот го повредил државниот воздушен простор, тврдење кое Русија го одби.

– Авионот падна на сириска територија, четири километри далеку од турската граница, рече рускиот претседател Владимир Путин по инцидентот. „Леташе еден километар далеку од турската граница кога беше нападнат. Во секој случај, ниту нашите пилоти ниту авионот претставуваа било каква закана за Турција. Очигледно е. Тие спроведуваа операција против Идил, во северна Латакија“.

Во меѓувреме, постои загриженост дека Русија го користи своето ангажирање во војната против Идил за да ги заштит своите интереси во Сирија. Русија го подржува претседателот Башар Асад и е обвинета дека врши воздушни напади не само против Идил, туку и против сириските бунтовници.

САД ги поддржуваат бунтовниците, што натера некои да веруваат дека сириската граѓанска војна може да стане затскриена војна помеѓу Русија и САД.

Но други предвидувања за 2016 упатуваат на тоа дека Трета свтеска војна веќе се води низ светот. По терористичките напади во Париз минатиот ноември, јорданскиот крал Абдула рече дека „се соочуваме со Трета светска војна против човештвото“ и дека светските лдери реба да работат заедно за да се спречат „поврзаните закани“.

– Се соочуваме со Трета светска војна против човештвото и ова мора сите да не зближи, рече кралот Абдула. „Ова е војна и како што реков, непрекинато во самиот ислам и за несреќа над 100,000 муслимани досега се убиени само од Даеш (Исламска држава) во изминатите две години, а тука не се вклучени злосторствата на слични групации кои тоа го сторија и во Африка и Азија“.

Дури и папата Франциско предупреди за Трета светска војна во изјава дека наместо наместо голем конфликт со подемот на армиите на најголемите држави во светот и големи битки меѓу нив, таа се води „во привиден мир“ преку криминалот, масакри и уништувања.

Но предвидувањата за 2016 укажуваат на Идил како најголема закана. Како беше објаснето во Салун, постои нешто што ги двои конфликтите во Сирија и Иак од претходно големите војни. За разлика од Корејската војна, која беше прикриена војна помеѓу САД и Кина, и Студената војна, која беше тајна војна помеѓу САД и СССР, и доведе до работ на нуклеарна војна, битката со Идил носи некои непредвидливи последици.

Овој извештај заклучува дека Идил носи апокалиптични навестувања, а нејзиниот лидер Абу Бакр ал Багдади изгледа е опседнат со крајот на светот.

Таму исто стои дека големата битка – позната како Армагедон – помежу муслиманите и „римјаните“ или западните сили, наскоро ќе се случи во малиот сириски град Дабик. Токму затоа Исламска држава „жестоко се бореше“ за контролата над дабик во 2014, и покрај својата воена нерелевантност, и токму затоа Исламска држава го наслови својот онлајн пропаганден магазин Дабик.

Но предвидвањата за 2016 за Трета светска војна не се нешто ново. Минатата година во истово време, многу новинари и светски лидери предвидуваа дека конфликтот во Украина и се растечката руска агресија кон соседите од НАТО може да доведе до широко раширен конфликт. И додека тензиите во Украина сеуште се видоки, никогаш не се случи акција помеѓу Русија и западните европски лидери.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД