Високи полициски офицери и експерти за антитероризам во Индонезија денеска објавија неколку текстови во кои проценуваат дека законите за антитероризам во оваа претжно муслиманска држава се „слаби“ и дека под итно треба да се менуваат.
Оценките за пропустите во законот за антитероризам доаѓаат по терористичкиот напад во центарот на Џакарта, во кој загинаа осум лица, што го изведоа приврзаници на џихадиситчката група Исламска држава (ИД), кои се вратиле од боиштата во Ирак и Сирија.
Генералниот инспектор на националната Агенција за антитероризам, Ариф Дармаван вели дека полицијата има „недоволен авторитет“ да преземе мерки против осомничените лица, се додека не бидат фатени како вооружеа група со планови за нападди.
Пропусите се должат на законот за антитероризам, донесен во 2000 година, кога Индонезија сметаше дека радикалниот ислам не претставува закана за оваа 256 милионска држава, која живееше во услови на меѓурелигиска толеранција.
Сегашниот закон најчесто овозможува судовите да ги ослободуваат осомничените терористи, ако тие бидат уапсени пред да ги извршат нападите. За тероризам не можат да бидат обвинети ниру лицата фатени во се побројните кампови за обука на происламистички борци, за кои се знае дека го пропагираат идеите на ИД и регрутираат борци за Ирак и Сирија.
Водечкиот експерт за антитероризам, Ал Кадир исто така ја повика Владата да направи ревизија на актуелниот закон за антитероризам. Тој побара пропис кој ќе им даде повеќе слобода на полицајците во превентивните акции за спречување на терористички напади.
Според Кадир, најмалку што треба да направат властите е со закон да ги определат и прогласат за илегални опасните радикални групи и да овозможат антитерористичките бригади да преземат акции против нив. со што ќе се спречуваат терористичките закани и напади.